(ВИДЕО) Мерц низ солзи најави дека ќе се бори против антисемитизмот

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше трогнат до солзи во понеделникот додека зборуваше за одговорноста на Германија за Холокаустот, ветувајќи дека ќе се бори против антисемитизмот, во говорот по повод повторното отворање на реновирана историска синагога во Минхен.

Мерц рече дека е згрозен што антисемитизмот повторно се разгорел во Германија.

„Би сакал да ви кажам колку се срамам од ова: како канцелар на Сојузна Република Германија, но и како Германец, како дете од повоената генерација, како дете кое пораснало со „никогаш повеќе“ како мисија, како должност, како ветување“, рече Мерц.

Тој нагласи дека од 7 октомври 2023 година „сведоци сме на нов бран на антисемитизам, во стари и нови форми“, ​​укажувајќи на влијанието на миграциските бранови врз феноменот.

„Во политиката и општеството, предолго ги затворавме очите пред фактот дека значителен број луѓе што дошле во Германија во последните децении се социјализирале во земјите на потекло каде што антисемитизмот е практично државна доктрина, каде што децата се учат да го мразат Израел“, рече германскиот канцелар.

Би можело да ве интересира

Германија и Норвешка издвојуваат 300 милиони долари за американски ракети за Украина

Србинка (33) тешко повредена во Германија – партнерот ја прободе со виљушка за време на расправија, па побегна

А1он

AfD номинира поранешен фудбалер за претседател на Германија

ВИДЕО: Активисти во Берлин го фрлија германското знаме на земја, го заменија со палестинско

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Авион се урна на автопат во Германија – двајца загинати

А1он

Партијата на Мерц ќе ја поддржи поранешната министерка Илзе Ајгнер за претседател на Германија

А1он