(ВИДЕО) Мемети: Нерасчистување на прислушувањето ќе остави последици

Од:

На Македонија ѝ требаат храбри политички лидери кои навистина ќе ја разрешат оваа ситуација и ќе овозможат граѓаните полесно да дишат, а институциите полесно да работат, вели Народниот правобранител Иџет Мемети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Колку прислушувањата на 20 илјади лица, кои опозицијата тврди дека ги спровела власта, се грубо прекршување на човековите права и слободи?

Во овој случај засегнато е правото на приватност. Не случајно и меѓународните документи и нашиот правен систем го гарантира истото и го сврстува во едно од фундаменталните човекови права и слободи, правото на приватност и семеен живот.

Властите не смеат тоа да го ограничуваат. Во исклучителни случаи може да се ограничи тоа право, односно може да се следи граѓанин, само низ стриктно пропишани правни процедури и тоа многу ригорозни, затоа што многу е битно кога, како, зошто ќе се собираат таквите податоци, а уште побитно е како таквите податоци ќе се чуваат, така што сè што се прави надвор од таа правна регулатива е грубо прекршување на човековите слободи и права.

И во конкретниот случај, ако тоа прислушување не е направено на начин утврден со закон, што како што гледаме тоа е доста масовно, сметам дека претставува грубо прекршување на човековите слободи и права, особено на правото на приватност. Јас имав реакција по однос на овој случај и реков дека под голем знак прашалник се става тоа дали во Македонија веќе може да се зборува за правото на приватност и семеен живот, ако на ваков начин масовно се прислушувани граѓани на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов