Се појавија снимки на кои се гледа што се случило на брод на Бахамите само неколку моменти откако 18-годишниот Камерон Робинс скокнал во океанот. На видеото се гледа како младиот човек скока во океанот без појас за спасување и облечен само во костим за капење.
Неговите пријатели беа во шок, иако поприсебните меѓу нив се обидоа да му дадат совет на Робинс. Сепак, беше забележано како лебди во друга насока, пред да исчезне во темнината, пишува Daily Mail.
Американската крајбрежна стража и бројни агенции со денови ги пребаруваа водите на океанот во потрага по исчезнатиот млад човек. Доцна во петокот, американската крајбрежна стража официјално ја прекина потрагата. Очевидци рекоа дека околу 23 часот и 30 минути младиот човек скокнал во морето од бродот Blackbeard’s Revenge поради игра со предизвик.
Во моментот кога младиот човек од Луизијана скокнал во морето, бродот бил во близина на Атол, ненаселен остров кој се наоѓа североисточно од Насау. Робинс беше бејзбол ѕвезда, а тој беше на бродот славејќи ја својата матура со десетици матуранти од другите средни училишта во Батон Руж.
Учениците пристигнале на островот само неколку часа пред патувањето и останале на островот Atlantis Paradise во Насау, потврдил еден од родителите. Откако Робинс скокнал, бродот и неговите членови на екипажот се обиделе да го лоцираат заедно со повеќе спасувачки служби. За време на потрагата пребарани се повеќе од 325 квадратни километри.