ВИДЕО: Масовни протести во САД, жителите на Миниаполис излегоа на улица во знак на револт

Од:

Големи судири помеѓу полицијата и афроамериканското население на улиците во Минесота, САД поради смртта на Афроамериканецот кој беше притиснат во делот на неговиот врат од локален полицаец.

Полицијата во Миниаполис употреби солзавец во текот на судирите кога стотина граѓани протестираа поради смртта на Џорџ Флојд – Афроамериканец кој почина во понеделникот за време на полициското приведување.

Граѓаните се собираат на улицата на која починатиот извикуваше да престане бруталноста од страна на полицаецот и го молеше да не пука.

Толпата во текот на протестот оштети неколку прозорци во локалната полициска станица и оштети едно полициско возило.

Поради таквото однесување на протестантите, полициските службеници возвратија со употреба на солзавец.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски