ВИДЕО: Масовни антивладини протести во Минск, се бара оставка од Лукашенко

Од:

Десетици илјади Белоруси се собраа во Минск за да учествуваат на „Маршот за слобода“ по контроверзните претседателски избори кога победи Александар Лукашенко.

Учесниците на антивладините демонстрации извикуваа „Заминувај“ и „Да живее Белорусија“. Тие се движеа по Булеварот за независност, откако опозицијата повика на најголеми демонстрации од гласањето пред една недела.

На маршот учествуваа и група ветерани во воени униформи.

„Ние сме против насилство“ и „Лукашенко мора да одговара за тортура и смртни случаи“ се само некои од транспарентите на демонстрациите. Демонстрантите носеа и 100-метарско црвено-бело знаме.

Претходно пак, имаше провладини протести, на кои се појави претседателот Лукашенко и одржа говор. Тој повика на спасување на земјата од уништување.

Според западните медиуми, Лукашенко имал втор телефонски разговор со рускиот лидер Владимир Путин. Тие разговарале за ситуацијата во Белорусија.

Протестите избија во Белорусија откако долгогодишниот лидер Александар Лукашенко победи на изборите во неделата. На власт е од 1994 година, и сега го освои шестиот мандат со поддршка од 80 отсто гласови.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин