(ВИДЕО) Масовен руски во Украина, нападнати се неколку аеродроми

Од:

Руските вооружени сили извршија групен напад со прецизно водени оружја со долг дострел врз неколку украински воени аеродроми, објави руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека во нападот биле користени хиперсонични ракети „Кинжал“, како и беспилотни летала со долг дострел, а целите биле објектите на воздухопловната инфраструктура на украинската армија, објави агенцијата РИА Новости.

„Сите планирани цели беа погодени, а одредени непријателски објекти беа уништени“, соопшти министерството.

Според украинските медиуми, серија експлозии одекнаа во Харков, Полтава и Луцк, поради воздушната закана што траеше во текот на целата ноќ.

Координаторот на проруските паравоени сили во Николаев, Сергеј Лебедев, изјави дека биле погодени воени аеродроми и бази во Полтава, Житомир, Конотоп, Миргород, Нижин, Луцк, Лавов и регионот Киев.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападите биле извршени како одговор на, како што рече, нападите на украинските сили врз цивилната инфраструктура во граничните области на Русија.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол