(ВИДЕО) Маскирани агенти на ЦИА снимени во Москва

Од:

Руската телевизија НТВ емитуваше снимка на која според медиумот се гледа како оперативци на ЦИА работат во Москва. Телевизијата на снимката прикажа како брзо се преоблекуваат и се маскираат.

Снимката е правена од февруари до март годинава, и совен вработените во контраразузнавачката служба до сега никој ја немал видено.

Руската служба ги следела двете жени, за кои подоцна утврдила дека биле американски шпиони и дека “нивната прошетка по рестораните резултирала со внимателно изведени перформанси“ истакнува медиумот.

И додека работата на оперативците е тајна, како во случајот Рајан Фогле уапсен во 2013 година во Москва, и Ана Чепман уапсена во 2010 година во Њујорк, во овој случај е интересно според НТВ што се утрвило дека едниот од нив белец се маскирал во црнкиња користејќи маска и неколку слоеви гардероба.

Идентитетот на агентите бил откриен благодарение на камерите кои се поставени во речиси сите ресторани.

На нив според телевизијата се гледа како Роберт Хајнс, Тимоти Финеган и Стивен Чисхолм се вешти во маскирањето.

Најнеобична трансформација се случила во тоалетот на еден ресторан каде се менуваат маските и периките.

Според информациите на руската служба, во текот на годинава биле спречени активностите на 290 странски агенти.

-Тоа нужно не значи дека ќе бидат уапсени. Може да бидат депортирани преку дипломатските канали или да се применат поинакви методи за сузбивање на нивните активности, посочуваат од телевизијата НТВ.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски