Еуфелик Џиминијан (26) превезувал помлад маж во Бронкс околу четири часот наутро, откако избила расправија околу цената на такси-превозот. На видеото, кое го снимила камера во возилото, се гледа како маскиран млад човек скока од автомобил во движење, по што наеднаш вади пиштол и пука кон таксистот. Џиминијан веднаш додал гас и побегнал.
Полицијата соопшти дека најмалку еден од петте истрели ја погодил совозачката врата и дека возачот имал среќа да се извлече неповреден. Напаѓачот се уште не е идентификуван.