ВИДЕО: Марш за поддршка на Доналд Трамп во Токио

Од:

Веројатно најчудната снимка што не е од САД, а е поврзана со вчерашниот упад на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во Конгресот, доаѓа од Далечниот Исток.

Неколку часа пред да се случи големиот протестен собир на кој говореше Трамп во Вашингтон, негови приврзаници од Јапонија одржаа марш низ улиците на Токио, веејќи американски знамиња и носејќи транспаренти со кои се оспорува победата на Џо Бајден на изборите во САД, безмалку 10.000 километри далеку.

Организаторите на маршот, меѓу кои се и членови на религиозната група „Среќна наука“ (Happy Science), која во Јапонија е категоризирана како секта, тврдат дека присуствувале околу 1.000 демонстранти. Покрај американското, се веело и „знамето на изгрејсонцето“, столетен јапонски симбол кој бил користен од јапонската војска за време на Втората светска војна.

Ова не е првпат од почетокот на изборната криза во САД приврзаниците на Трамп да одржат собир во Токио. На крајот на ноември, локалните медиуми јавија дека на улиците на јапонската престолнина имало два митинга за поддршка на претседателот на САД во заминување, а на едниот од нив, учесниците извикувале „Бог да го благослови Трамп“ и антикинески слогани:

Би можело да ве интересира

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

Трамп ја затвора клучната база на Балканот

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина

Трамп: Путин дозволи европски мировници да бидат стационирани во Украина

Трамп: Конфликтот во Украина може да доведе до Трета светска војна