ВИДЕО: Марадона бил во врска со 16-годишно девојче, ја дрогирал и ја чувал заклучена

Од:

Фудбалскиот свет е потресен од најновите обвинувања против покојниот Диего Марадона, откако се појави видео снимка на која наводно се гледа славниот Аргентинец во кревет со 16-годишно девојче.

Светските медиуми пренесуваат дека Кубанката Мавис Алверес изјавила дека кога имала 16 години, Марадона ја навлекол на дрога и ја држел заклучена во хотел, а ја натерал и да ги зголеми градите.

Нови докази против Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, испливаа поради обвинението против неговиот поранешен познаник кој е обвинет за трговија со луѓе.

Мавис тврди дека Марадона и луѓе од неговиот круг ја снимале кога била тинејџерка и без дозвола на родителите со авион ја довеле во Аргентина, каде условно кажано била заробена во хотел речиси три месеци.

Таа вели дека тоа се случило во 2000 година, кога славниот Аргентинец имал 40, а таа 16 години, и дека тие се запознале додека Марадона бил на одвикнување од дрога во Куба.

„Тоа беше најголемата грешка во мојот живот. Бев само девојче. Бев чиста. Тој беше странец, беше богат и ми посветуваше внимание. Не можев да кажам не“, изјави Алварес за американските медиуми.

Откако се запознала со Марадона, прво била сместена во стан во Хавана, каде што животот и се свел на конзумирање наркотици и забави, а потоа завршила во Буенос Ариес во споменатиот хотел во 2001 година.

Како што наведува, во текот на престојот во странство, смеела да прави само две нешта надвор од хотелската соба – да оди на шопинг и да ја посетува зоолошката градина, и тоа со постојана придружба.

Врската меѓу Марадона и Алварес траела три години, а како што вели, таа молчела две децении бидејќи се плашела дека кубанската власт може да му направи проблем на нејзиното семејство.

Алварес додава дека Марадона во една прилика ја запознал со тогашниот кубански лидер Фидел Кастро, кој ја прегрнал и го прашал Марадона како успеал да најде толку убава девојка.

Токму Кастро бил тој кој и дал специјална дозвола да ја напушти земјата, што обично на Кубанците тогаш не им било дозволено.

Би можело да ве интересира

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Почина братот на Марадона

А1он

Обожавател на Марадона, и третото дете го крсти по својот миленик

Кубанката Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години

Ана Ололовска

Статуа на Марадона на стадионот во Неапол

А1он

Експертите донесоа одлука, Аргентина во шок: Марадона несоодветно лекуван

Ана Ололовска