ВИДЕО: „Диего беше убиен“ – илјадници Аргентинци бараат одговори за смртта на фудбалската икона

Од:

Илјадници Аргентинци се собраа денеска во центарот на Буенос Аирес, барајќи „правда за Диего Марадона“, откако истрагата за смртта на фудбалерот со статус на икона во Аргентина сè уште не даде никакви одговори.

„Не умре, го убија“, порачаа учесниците на протестот, кои со знамиња и пеење навивачки песни се собраа пред историското обележје на Буенос Аирес, Обелискот во центарот на градот

„Сакаме судење и казни за виновниците“, и „Правда за Диего“ беа дел од транспарентите истакнати на протестот, на кој присуствуваа и поранешната сопруга на Марадона, Клаудија Вилафане и двете негови ќерки Далма и Џанина.

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња почина на 25 ноември минатата година. Тој голем дел од животот се лекуваше од зависност од дрога и алкохол.

Како официјална причина за смртта сè уште стои наодот дека му откажало срцето, но истрагага што треба тоа да го потврди или отфрли и натаму трае.

Семејството на Марадона смета дека починал поради лекарска негрижа.

Според пишувањето на аргентинскиот печат, под истрага се седум луѓе, вклучувајчи ги личниот доктор на Марадона, Леополд Лике, психологот Карлос Дијаз и медицинските сестри Жизел Мадрид и Рикардо Амирон.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски