Кубанката Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години

Од:

Мавис Алварез, Кубанка која беше во врска со Диего Марадона пред две децении, на вчерашната прес-конференција раскажа како легендарниот аргентински фудбалер ја силувал кога била тинејџерка.

Алварез, која сега има 37 години, мината недела сведочеше пред судот во Аргентина, кој спроведе истрага поради нејзините обвинувања за силување и трговија со луѓе против неколкумина пријатели на Марадона.

Нејзините обвинувања се однесуваат на патувањето во Аргентина со Марадона во 2001 година, кога таа имала 16, а тој 41 година. Алверез изјави дека го запознала Марадона непосредно пред тоа патување, кога тој бил на Куба поради зависност од дрога. Таа изјави дека Марадона ја силувал во клиниката во Хавана каде се лекувала, а нејзината мајка била во соседната соба.

– Ми ја покри устата со рака и ме силуваше. Не сакам да размислувам за тоа. Веќе не бев девојче, тој ми ја украде невиноста и ми го уништи детството, изјави Алварез.

Таа ја опиша врската со Марадона како врска на која се согласила, но претходно спомена и дека Марадона „барем еднаш ја силувал“. Алварез секогаш тврдеше дека нејзиното семејство се согласува со нејзината врска со Марадона и покрај големата разлика во години, само затоа што фудбалерот беше пријател со тогашниот претседател на Куба, Фидел Кастро.

– Моето семејство никогаш немаше да го дозволи тоа доколку кубанските власти не беа вклучени во сè. На различни начини ги принудуваа да го прифатат она што не е добро за нив или за мене, посочи Алварез.

Таа изјави и дека се одлучила на овој чекор за да им помогне на другите жени во својата земја и додаде дека и е многу тешко повторно да биде во Аргентина.

– Тешко е да се биде во оваа земја, да се види дека тој е насекаде, дека е идол за сите, а во исто време моето сеќавање за него е толку грдо, истакна Алварез.

Марадона почина на 25 ноември 2020 година.

Би можело да ве интересира

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Почина братот на Марадона

А1он

Обожавател на Марадона, и третото дете го крсти по својот миленик

Статуа на Марадона на стадионот во Неапол

А1он

ВИДЕО: Марадона бил во врска со 16-годишно девојче, ја дрогирал и ја чувал заклучена

А1он

Експертите донесоа одлука, Аргентина во шок: Марадона несоодветно лекуван

Ана Ололовска