ВИДЕО: Малала се врати во училишните клупи

Од:

Малала Јасуфзаи, храбрата пакистанска активистка која се бори за право на образование на девојчињата и која талибанците тешко ја ранија во октомври минатата година, по што речиси пола година помина на опорување во Бирмингем, се врати на училиште.

По повеќемесечно опоравување од раните, петнаесетгодишната Малала пред два дена повторно започна да оди на настава, во училиштето за девојчиња во Бирмингем.

Возбудена сум, бидејќи сонував за денот кога ќе се вратам на училиште. Сакам сите девојчиња на светот да ги имаат овие можности – изјави таа и додаде дека и недостасуваат пријателите од Пакистан, но едвај чека да ги запознае новите наставници и пријатели во Бирмингем, каде што со своите родители започна да го гради нов живот.

Пакистанското девојче, кое талибанците го ранија во глава, минатата година е номинирана за овогодинешната добитничка на Нобелова награда за мир.

За време на нејзиниот лекување, девојчето прими илјадници пораки за поддршка од целиот свет. Но, талибанците се заканија дека повторно ќе ја нападнат и во Велика Британија, каде што сега за неа се грижи специјално полициско обезбедување.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан