На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како мајка му се моли на рускиот претседател Владимир Путин за информации за нејзиниот син војник, за кој и е кажано дека е убиен додека се борел во војната во Украина. Видеото на Твитер го сподели и Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.
Жената го започна видеото со обраќање лично на Путин пред да го каже името на нејзиниот 20-годишен син и неговиот датум на раѓање. Таа раскажа како бил мобилизиран од рускиот град Нижневартовск во септември минатата година и дека оттогаш се борел на руска страна во војната против Украина.
A mother of a Russian soldier begs Putin to give her any information about her son. She was told he died and was given three stories of how that could have happened.
She still doesn't know the truth and hopes the tsar will help her – the same person who sent her son to die. pic.twitter.com/rDt4HLK8Y4
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 1, 2023
Таа тврди дека на 18 јули добила телефонски повик од неговата единица во која ја известиле дека нејзиниот син бил убиен два дена претходно. „После слушнавме три различни приказни за смртта на нашиот син. Тоа е како да го однеле, но не се знае каде го однеле“, опишала таа.
Таа нагласи дека моментално нема никаков контакт со единицата на нејзиниот син и дека на нејзиниот поранешен сопруг командантот на единицата му кажал дека имало инцидент во кој „е крената опрема во воздух“, што резултирало со смрт на нивниот син и уште едно лице.
Меѓутоа, мајката вели дека командирот признал дека не можел да ја потврди смртта на младиот човек „100 отсто затоа што не ја видел“. Таа истакнува дека контактирала со канцеларијата за регрутирање во Нижневартовск и тие и ветиле дека ќе проверат што се случило. „Канцеларијата наводно контактирала со единицата, но нема официјални информации за смртта на нашиот син“, рече таа.
Таа наведува дека напишала до кабинетот на претседателот, военото обвинителство и до пратениците во Нижневартовск барајќи го телото на нејзиниот син дали е мртов. „Ако мојот син е убиен, ве молам вратете ми го неговото тело, за да го оплакувам како мајка“, апелира таа.
Таа се пожали дека не добила одговор од ниту една служба на која и пишала и дека не и одговараат телефонските повици. “Значи, мојот 20-годишен син е во средината на никаде. Мислам, го одведоа. И не можат да ми кажат каде е. Едноставно не можам да го разберам тоа”, рече таа.
Мајката испаќа апел до Путин за помош, посочувајќи дека тој како врховен командант на земјата е „одговорен за сите овие момци“.