(ВИДЕО) Лула да Силва го победи Болсонаро и стана претседател на Бразил: Сакаа жив да ме закопаат, но се вратив

Од:

Изборната администрација на Бразил соопшти дека Луис Инасио Лула да Силва од левичарската Работничка партија го победи актуелниот претседател Жаир Болсонаро и стана нов претседател на државата.

По пребројувањето на 98,8 отсто од гласовите, тој освои 50,8 отсто, а Болсонаро 49,2 отсто. Изборните власти објавија дека победата на Силва е математички сигурна.

Да Силва, поранешен претседател на земјата од 2003 до 2010 година, вети дека ќе го врати попросперитетното минато на земјата, но се соочува со пречки во поларизираното општество.

Тоа е неверојатно враќање на власт за 77-годишниот Да Силва, бидејќи неговата затворска казна во 2018 година поради корупциски скандал му забрани да се кандидира на изборите таа година и го отвори патот за победата на тогашниот кандидат Болсонаро и четиригодишната екстремно десничарска политика.

По објавувањето на резултатите Лула се обрати во неговиот штаб.

„Се обидоа да ме закопаат жив, но јас сум тука“, рече на почетокот на победнички говор. „Ова е победа за демократското движење, над интересите на сите партии и идеологии“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск