ВИДЕО: Лукашенко ги нарече демонстрантите „овци кои не разбираат што прават“

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека протестите во Минск и другите градови се оркестрирани од Полска, од Велика Британија и од Чешка.

– Повици се упатени од Полска, од Чешка и од Велика Британија за да се контролираат, извинете, овците, кои не разбираат што прават и лесно е да се контролираат, истакна Лукашенко на состанокот со шефот на Извршниот секретаријат Сергеј Лебедев.

Во меѓувреме, противкандидатката на Лукашенко, Светлана Тихановскаја изјави дека одбива да ги признае официјалните резултати од вчерашните претседателски избори, според кои актуелниот претседател освои 80,23 отсто од гласовите. Тихановскаја освои 9,9 проценти од гласовите, додека другите тројца кандидати освоија помалку од два отсто.

Соработниците на Тихановскаја соопштија дека опозицијата бара повторно пребројување на гласовите. Опозицијата исто така најави дека сака да разговара со државните претставници за мирна промена на власта.

На социјалните мрежи се појави и видео снимка од избирачко место на кое се гледа како член на изборниот штаб се симнува по скалу од втор кат со вреќа, за која се претпорставува дека содржи гласачки ливчиња.

Опозицијата се жали и на други нерегуларности на вчерашните претседателски избори, како затворени гласачки места, граѓани кои гласале пред отворањето на гласачките места и друго.
Според независните истражувања Тихановскаја добила 71 отсто од гласовите, додека Лукашенко само десет.

Би можело да ве интересира

„Рацете подалеку од нашата демократија“ – масовни протести во САД против Трамп и Маск

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Илјадници протестираа во Истанбул поради апсењето на градоначалникот Имамоглу

Џонатан Мур за протестот во Белград: Снимката што ја видов не докажува употреба на звучен топ

Две млади момчиња паднале од ѕид во близина на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград