ВИДЕО: Луѓе трчааат и бегаат надвор од концертната сала во Москва, очевидци сведочат за теророт

Од:

Руските медиуми пренесуваат изјави на сведоци од концертната сала Крокус Сити Хол. Виталиј вели дека бил во концертната сала на еден од катовите.

„Слушнавме истрели, прво не знаевме што се случи. Потоа видов како терористи пукаа во луѓе“, сведочеше тој.

„Фрлија неколку запаливи бомби, сè почна да гори. Не доведоа кон излезот. Излезната врата беше заклучена, па отидовме во подрумот каде ги чекавме спасувачите.

Неименуваниот сведок вели дека родителите биле со децата на натпревар во танц кога почнало пукањето.

„На натпреварот имаше деца и тинејџери. Дојдоа луѓе и рекоа дека има пукање“, рече сведокот, додавајќи дека имало гужва и дека децата истрчале во костими за танцување.

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин објави дека по пукањето во концертната сала, сите јавни настани во текот на викендот се откажани. Решив да ги откажам сите спортски, културни и други масовни настани во Москва за време на викендот“, изјави градоначалникот на мрежата Телеграм.

Американската амбасада во Русија претходно овој месец објави дека „екстремистите“ имаат планови да ја нападнат Москва во блиска иднина. Таа го издаде предупредувањето само неколку часа откако ФСБ, главниот наследник на поранешната советска КГБ, објави дека спречила напад врз синагога во Москва од страна на милитантна сунитска муслиманска ќелија која и припаѓа на Исламската држава.

Би можело да ве интересира

Чеченецот уапсен за терористичкиот напад во Москва почина во притвор

Горан Наумовски

Осуда од Советот на амбасадори на терористичкиот напад во Москва

Захарова: ИСИЛ не можеше да го изврши масакрот, се знае кој е

Путин: Знаеме кој го изврши теророт, нас не интересира наредбодавецот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објавени снимки на терористите: На едниот му недостасува уво, на другиот око, третиот е во инвалидска количка

Предраг Петровиќ

Кои се обвинети за нападот во Москва? Еден има само 19 години, повеќето се родители