(ВИДЕО) Либија во шок: Началникот на Генералштабот и придружбата загинаа во пад на авион

Од:

Началникот на Генералштабот на либиската армија, Мохамед Ал Хадад, и неговата придружба загинаа денес во авионска несреќа кратко по полетувањето од аеродромот Есенбог во Анкара во Турција, изјави шефот на либиската Влада на национално единство, Абделхамид Дбеибах.

„Информирани сме за смртта на началникот на Генералштабот на либиската армија, Ал Хадад, и оние што го придружуваа“, рече Дбеибах, како што објави Хуриет.

Авионот наводно се урнал на околу два километри од селото Кесикавак во округот Хајмана.

Турскиот министер за правда, Јилмаз Тунч, објави дека е започната истрага за авионската несреќа.

Претходно, турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, изјави дека контактот со приватниот авион во кој се наоѓале Ал Хадад и четири лица од неговата придружба бил изгубен кратко по полетувањето од аеродромот.

Како што изјави Јерликаја на платформата X, авионот „Фалкон 50“, со регистрација 9H-DFJ, полетал во 20:10 часот за Триполи, а контактот со радарот бил изгубен во 20:52 часот по локално време.

„Од авионот беше примена порака за итно слетување во близина на Хајмана, но контактот со авионот подоцна не беше обновен“, изјави Јерликаја.

Би можело да ве интересира

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Авионска несреќа во Шкотска, има загинати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: најмалку 11 жртви и 27 повредени во сообраќајна несреќа

Катерина Ѓуровски

Турција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст

А1он

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он