(ВИДЕО) Лажен аларм во театарот „Бољшој“ во Москва, евакуирани над 2.000 луѓе

Од:

Алармот за пожар бил лажно вклучен во театарот Бољшој во Москва. Ова во „Вечерња Москва“ го пријавил извор од Итната помош. Како што јавува „Вечерња Москва“, од зградата се евакуирани над две илјади лица. По повикот брзо пристигнале пожарникари на местото на настанот, но при извидувањето не бил откриен пожар.

На почетокот на месецот беа евакуирани посетителите и вработените во трговскиот центар Ривиера на улицата Автозаводска. Повеќе од 100 луѓе се евакуирани од зградата. Причина за евакуацијата е лажна тревога за пожар.

Уште еден инцидент се случи на крајот на април во трговскиот и забавниот центар Миља во областа Вихино-Жулебино. Посетителите и персоналот беа итно евакуирани. Причината останува непозната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во породилиште во Москва, на 200 луѓе се евакуирани

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната

Захарова: Одлуката на Германија е очигледна навреда

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Спречен терористички напад во административни згради во Москва

Горан Наумовски