ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион

Од:

Сергеј Лавров синоќа пристигна во Малта на состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), јави државната новинска агенција ТАСС, по повод првата посета на рускиот министер за надворешни работи на земја членка на ЕУ од почетокот на војната во Украина.

Лавров слета во главниот град на Малта, Валета за да присуствува на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на ОБСЕ, пренесе ТАСС.

На видеото од пристигнувањето се гледа како министерот за надворешни работи пристигнува со руски владин авион, иако на руските авиони вообичаено им е забрането да влезат во воздушниот простор на ЕУ.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, не и беше дозволено да го придружува на патувањето бидејќи Малта и ја откажа визата.

Ова е прво патување на Лавров во земја членка на ЕУ откако Европската унија воведе санкции против него и претседателот Владимир Путин во февруари 2022 година, веднаш по почнувањето на руската инвазија на Украина.

Лавров последен пат беше во земја на ЕУ во декември 2021 година, исто така на состанок на ОБСЕ. ОБСЕ е еден од ретките форуми за дијалог за безбедност и демократска политика на кој претставниците на Западот и Русија седат на иста маса.

Додека Москва се повлече од голем број други европски институции, таа остана во ОБСЕ, гледајќи го како платформа за соопштување на својот став за војната.

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Порака на Трамп до Русија: „Ако не се договориме, ќе воведам санкции“

Вучиќ со Зеленски: Разговаравме за можностите за постигнување мир

Зеленски призна: Ни требаат милион војници

Трамп ќе му каже на Путин да ја прекине војната, ако одбие, имаме план – открива неговиот тим

Катерина Ѓуровски

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ