„Нашата цел е да се ослободиме од нацистите во Украина“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција, додавајќи дека преговорите меѓу украинските и руските сили ќе се одржат денеска.
LIVE: Russian Foreign Minister Sergei Lavrov speaks to media https://t.co/0kOyejRLo9
— PresserWatch (@PresserWatch) March 3, 2022
„Сигурен сум дека нашите партнери од Западот ќе се смират и ќе бараат решение преку дијалог. Западот не треба да одлучува за нашата безбедност“, рече Лавров.
„Западот се обидува да ни ја наметне сопствената слика за иднината на Европа“, додаде тој.
Лавров ја спореди Америка со Хитлер
На прес-конференција Лавров ја спореди Америка со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.
„Америка им диктира на Германците што е добро за европската енергетска безбедност. Тие велат дека не им треба гасоводот Северен тек 2 и тврдат дека Америка ќе обезбеди енергетска безбедност, која е неколку пати поскапа“, рече Лавров.
„Наполеон и Хитлер имаа за цел да ја стават цела Европа под своја контрола. Сега Американците сакаат да го направат тоа“, рече тој.
„Во филмовите имате слика на апсолутно зло и апсолутно добро. Глобалната слика е слична. Верувам дека хистеријата ќе престане“, рече Лавров.