Пензиониран жител на Њујорк решил да купи куќа и неколку хектари плац во Португалија, сакајќи да одмори на мирно место од брзиот живот во големиот град.
Нашол и му де допаднала една стара куќа која 15 години и` припаѓала на државата, бидејќи по смртта на претходниот сопственик, немало кој да ја купи.
Во имотот имало и неколку помошни објекти, меѓу кои и штала каде вратите биле затворени. Њујорчанецот кога ги отворил вратите од шталата се изненадил бидејќи во неа нашол вкупно 180 стари автомобили!