(ВИДЕО) Крвава драма во Словачка: Упаднал со нож во училиште, ја убил заменичката на директорот и ранил две деца

Од:

Маж, на возраст од 22 години, со нож ја усмртил заменичката на директорот на основно училиште и ранил две деца, во северниот словачки град Врутки, јави Би Би Си.

Полицијата соопшти дека непосредно по нападот, тие го ликвидирале напаѓачот и дека ситуацијата е под контрола.

Началникот на локалната полиција, генерал Лукански, опиша дека напаѓачот скршил стаклена врата за да влезе во училиштето, а потоа со нож ја прободел заменичката на директорот на училиштето, која се обидела да го запре.

Напаѓачот потоа го ранил домарот на училиштето, а потоа влегол во најблиската училница, каде сериозно повредил учител и двајца ученици.

Напаѓачот се обидел да избега, но повредениот домар го следел сè до пристигнувањето на полицијата, која безуспешно се обидувала да го уапси, но потоа биле принудени да отворат оган и да го ликвидираат.

Во пукањето се повредени и двајца полицајци, а локалната болница сè уште не соопшти за здравствената состојба на повредените лица во нападот. Сепак, дел од локалните медиуми наведуваат дека една од жртвите се бори за живот.

Не е познат мотивот за нападот.

Би можело да ве интересира

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски

Селаковиќ: Се чувствувам добро, синоќа непознато лице ме нападна од зад грб

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски