ВИДЕО: Кралицата Елизабета ги угости лидерите на најразвиените земји

Од:

Британската кралица Елизабета Втора попладнето приреди прием за лидерите на Групата седум најразвиени индустриски земји во светот, кои одржуваат самит во Корнвол, на југот на Англија.

95-годишната владетелка пристигна на приемот заедно со семејството – нејзиниот син Чарлс и неговата сопруга Камила, како и внукот, принцот Вилијам и неговата сопруга, принцезата Кејт.

Приемот за светските лидери е првиот поголем јавен настан на кој присуствува кралицата Елизабета Втора откако нејзиниот сопруг, принцот Филип, почина во април.

Таа на приемот за првпат се сретна со американскиот претседател Џо Бајден, кој инаку е 13-от претседател на САД кој го запознала во текот на нејзините безмалку 70 години на британскиот трон.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година