Илјадници луѓе се собраа на улиците околу Бакингемската палата пред поворката што ќе го однесе ковчегот со телото на покојната кралица Елизабета Втора во Вестминстерската сала.
Во исто време, по должината на Албертовиот насип, се формираат долги редици додека луѓето чекаат да ја поздрават својата кралица последен пат.
Принцовите Вилијам и Хари, заедно со нивниот татко, кралот Чарлс III, ќе одат зад ковчегот до Вестминстерската сала.
Стотици илјади луѓе се очекува да поминат покрај ковчегот на кралицата Елизабета Втора за да и оддадат почит. Погребот на кралицата ќе се одржи во понеделник на 19 септември, а тој ден веќе е одбележан како државен празник.
Се верува дека линијата во која луѓето чекаат да му оддадат почит на ковчегот на кралицата Елизабета ќе биде долга 16 километри. Се верува дека не секој што чека во ред ќе може да влезе и да и се поклони на кралицата.
За да се избегне разочарување, влезот до крајот на редот може да биде затворен порано, за да се осигура дека оние што веќе чекаат на ред ќе можат да го поминат ковчегот на кралицата.
Редиците исто така ќе бидат паузирани на одреден временски период доколку одѕивот е поголем од очекуваниот.