(ВИДЕО) Командантите на Азов: Русите се обидуваат да ја освојат челичарницата, не знаеме дали сите цивили се спасени

Од:

Заменик-командантот на Азов Свјатослав Паламар на онлајн прес-конференција одржана во Азовстал рече дека руските сили продолжиле да ја напаѓаат фабриката за челик и дека се обидуваат да ја освојат.

Тој додаде дека не може да потврди дали сите цивили се евакуирани од Азовстал.

На прес-конференцијата на YouTube се обрати и поручникот Илија Самоленко.

– Предавањето не е опција бидејќи Русија не е заинтересирана за нашите животи. Веројатноста да преживееме ако се предадеме е нула. Предавањето е неприфатливо за нас. Не можеме да му дадеме таков подарок на непријателот. Да се биде заробен, за мене значи мртов, истакна поручникот Илија Самоленко.

– Ние се бориме против агресорите, непријателот кој носи терор во Украина, против нивното варварство, додаде Самоленко.

Заменик командантот на Азов, Свјатослав Паламар нагласи дека украинските војници во „Азовстал“ ќе се борат додека се живи.

– Ќе продолжиме да се бориме додека сме живи за да се спротивставиме на руските окупатори, истакна Паламар, повикувајќи на итна евакуација на ранетите соборци: „Немаме многу време, Русите интензивно гранатираат“.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков