Во поплави и одрони во провинцијата Западна Суматра во Индонезија животот го загубија 19 лица, а седум се водат за исчезнати.
Повеќе од 70.000 луѓе се евакуирани поради обилните дождови и поплавите.
Raging floods in Padang, West Sumatra, #Indonesia after heavy rainfall, hundreds evacuated #Flood #Sumatra #Padang #IndonesiaFloods #Flooding #FlashFlood #Rain #Weather #Viral #Climate pic.twitter.com/AcUnx7oSTn
— Earth42morrow (@Earth42morrow) March 8, 2024
Катастрофите што го зафатија главниот град на провинцијата Паданг и осум други области оштетија речиси 700 домови, десетици мостови и училишта и поплавија околу 280 хектари земјоделско земјиште, пренесува Ројтерс.
Индонезиската агенција за спасување трага по исчезнатите, а работата на спасувачите е отежната поради тоа што патиштата се блокирани поради лизгање на земјиштето. Според Абдул Мухари, портпарол на Националната агенција за управување со катастрофи (BNPBE), евакуираните биле сместени во најблиските џамии бидејќи засега не се обезбедени други привремени засолништа.
„Евакуираните добија храна, вода и лекови, а некои се вратија во своите домови бидејќи водениот бран ослабна“, рече Мухарија.