(ВИДЕО) Катастрофа во Либија: Пукнаа брани, над 2000 мртви, уништен град

Од:

Се стравува дека илјадници луѓе ги загубија животите во Либија откако бурата Даниел донесе толку многу дожд на североисток што две брани се урнаа во еден регион, влечејќи цели населби во морето. Повеќе од 2.000 луѓе загинаа, а околу 6.000 се водат за исчезнати во тешко погодениот град Дерна, каде што под притисокот на поплавите се урнаа две брани, пишува Си-Ен-Ен.

„Како резултат на тоа, се урнаа три моста. Водата што тече однесе цели населби во морето“, изјави Ахмед Мисамари, портпарол на Либиската национална армија.

Според Си-Ен-Ен, овие бројки не можат да се проверат независно, а Мисари не наведе извор за бројот на загинати и исчезнати. Црвената полумесечина на Бенгази претходно процени дека во Дерна загинале од 150 до 250 луѓе, според Ројтерс.

Шефот на либиската служба за вонредни ситуации, Осама Али, за Си-Ен-Ен изјави дека по уривањето на браната „целата вода отишла во областа кај Дерна, која е планинска крајбрежна област“.

Куќите во долините беа однесени од силни струи од кал кои носеа возила и остатоци, додаде тој. Телефонските линии во градот исто така се во прекин, што ги отежнува напорите за спасување, рече Али, а работниците не можеа да влезат во Дерна поради огромното уништување.

„Либија не беше подготвена за ваква катастрофа, никогаш не сме биле сведоци на вакво нешто. Признаваме дека имало недостатоци иако првпат се соочуваме со вакво нешто“, рече Али.

Мисамари, портпарол на Либиската национална армија, рече дека биле погодени неколку други градови како Ал-Бајда, Ал-Марџ, Тобрук, Такенис, Ал-Бајада и Батах.

Либија е земја која има околу шест милиони жители, а од 2014 година е поделена на фракции како резултат на граѓанската војна што таму изби по смртта на Моамер Гадафи и акцијата на НАТО во 2011 година.

Шефот на либиската источна влада, поддржана од парламентот, Осама Хамад, ја опиша ситуацијата како „катастрофална и без преседан“, според извештајот на државната новинска организација Либиската новинска агенција (ЛАНА).

Снимките на социјалните мрежи покажуваат потопени автомобили, урнати згради и порои вода низ улиците. Болниците во источниот град Бајда се евакуирани, покажуваат видеата споделени на Фејсбук од Медицинскиот центар Бајда.

„Обединетите нации во Либија внимателно ја следат вонредната ситуација предизвикана од тешките временски услови во источниот регион на земјата“, се вели во соопштението на мисијата за поддршка на Обединетите нации во Либија.

Неколку земји испратија сочувство и понудија помош за Либија додека спасувачките тимови се обидуваат да најдат преживеани под урнатините.

Турската агенција за катастрофи во понеделникот соопшти дека ќе мобилизира 150 лица за пребарување и спасување, заедно со шатори, возила за спасување и други материјали, како што се генератори.

Американската амбасада во Либија на Твитер објави дека е во „близок контакт со Обединетите нации и властите во Либија за да се утврди колку брзо можеме да обезбедиме помош онаму каде што е најпотребна“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски