ВИДЕО: Камерон и Расмусен ја обвинија Русија за „агресија“ врз Украина

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на заедничка прес-конференција во Лондон ја обвинија Русија за „агресија“ врз Украина.

Камерон истакна дека на претстојната средба на врвот, Алијансата „треба јасно да и даде до знаење на Русија дека секогаш сакала да и биде партнер, а не закана“.

– Но, Русија со своите постојани агресивни активности во соседната држава и заканувачкото однесување кон сојузниците од НАТО спречува таква соработка во иднина, истакна британскиот премиер.

Двајцата ја оценија како „агресија“ помошта, која според нив, им ја дава Москва на проруските борци во источниот дел на Украина.

Расмусен ја обвини Русија дека го „поткопува меѓународното право“.

– НАТО веќе презеде итни чекори за заштита на своите сојузници и секоја земја-членка на Алијансата дава свој придонес, нагласи Расмусен.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија