(ВИДЕО) Морничава снимка: Цунамито се појавува сред концерт на плажа во Индонезија

Од:

Најмалку 222 луѓе загинаа, а 843 се повредени во цунамито нна индонезиските острови Јава и Суматра, додека стотици објекти се разрушени и оштетени.

Индонеиската агенција за метеорологија и геофиџика соопшти дека цунамите не било предизвикано од никаков земјотрес, туку најверојатно се работи за подводни свлечишта кои се појавиле најверојатно по активирањето на вулканот Анак Кракатау.

На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледа катастрофата што ја зафати Индонезија.

На една од снимките додека трае концерт на индонезиската група „Севентин“ на плажа, одеднаш зад бината се појавува огромен бран кој предизвикува паника, но и кој урива се пред себе.

За басистот и менаџерот на групата цунамито беше фатално, а тројца членови на бендот и сопругата на пејачот се зазега исчезнати.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници