ВИДЕО: Израелците со тенкови упаднале на позициите ОН во Либан, 15 мировници повредени

Од:

Утринава два израелски тенкови ја „уништиле“ главната порта на позицијата на привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) на југот на земјата, се наведува во соопштението од УНИФИЛ..

Израелските војници потоа „насилно упаднаа во нивната позиција“, се додава во соопштението.

Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил рано утринава на позицијата на ОН. Приближно во 04:30 часот по локално време, додека мировниците биле во засолништа, два израелски тенкови ја „уништиле главната капија на позицијата и насилно влегле“ во објектот. Израелските војници потоа „постојано бараа од базата да ги исклучи светлата“.

Во соопштението се вели дека тенковите заминале околу 45 минути подоцна.

Приближно во 06:40 часот по локално време, мировниците на истата позиција пријавиле дека биле испукани неколку куршуми, по што бил забележан чад во областа.

– Петнаесет мировници претрпеа последици, меѓу кои иритација на кожата и гастроинтестинални реакции, откако чадот навлезе во базата – се вели во соопштението.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повика мировната мисија на ОН да ја напушти областа.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел