(ВИДЕО) Израел прогласи вонредна состојба, пожарите се шират, се зголемува бројот на повредените

Од:

Во Израел е прогласена вонредна состојба откако големи пожари беснееја во близина на Ерусалим. Повеќе од 150 противпожарни екипи се обидуваат да го локализираат пожарот, а пристигнува и меѓународна помош. Пожарите што беснеат на 11 локации околу Ерусалим принудија илјадници луѓе да се евакуираат. Седум градови беа евакуирани.

Слики од изгорени подрачја ги преплавија социјалните мрежи. Пожарот се заканува да стигне до самиот Ерусалим. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера прогласи вонредна состојба поради пожарите што избувнаа во близина на Ерусалим, предупредувајќи дека пламените јазици би можеле да стигнат до градот, објавија израелските медиуми. Според Euronews.com, најмалку 22 лица се повредени.

Според Одделот за итни случаи, 12 лица биле однесени во болница, главно поради вдишување чад, додека уште 10 лица биле згрижени на местото на настанот.

Според медиумските извештаи, неколку пожарникари се повредени, а двајца пожарникари се хоспитализирани.

Противпожарните служби упатија итен апел до граѓаните да ги избегнуваат парковите и шумските површини.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Се подготвува нов напад на Иран, САД првично нема да интервенираат

Министерството за здравство во Газа: Убиени се 70.100 лица од почетокот на војната

Израелски напад во јужниот дел на Сирија: Најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца

Горан Наумовски

Хамас бара евакуација на неговите борци заробени во тунелите

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат изградба на алтернативни безбедни заедници за Газа

ВИДЕО: Израел го прекрши примирјето, 28 Палестинци беа убиени, меѓу нив и деца

Катерина Ѓуровски