ВИДЕО: Израел им се закани на Грета Трунберг и на активистите кои се брод се приближуваат до Газа

Од:

Министерот за одбрана на Израел се закани дека ќе ги „преземе сите неопходни мерки“ за да спречи едрилица со Грета Тунберг и други активисти да стигне до Газа. Бродот „Медлин“ отплови од пристаништето Катанија во јужна Италија минатата недела во мисија да ја пробие поморската блокада на Израел.

Активистите планираат денеска да стигнат до територијалните води на Газа за да достават хуманитарна помош. Но, во објава на X, израелскиот министер за одбрана Израел Кац рече дека им наредил на израелските одбранбени сили (IDF) да спречат едрилицата да стигне до брегот и да ги „преземат сите неопходни мерки“.

Обраќајќи им се на Тунберг и на другите активисти, тој рече: „Треба да се вратите назад – затоа што нема да стигнете до Газа. Им наредив на ИД да дејствува за да го спречи едрилицата од омраза „Медлин“ да стигне до бреговите на Газа и да ги преземе сите неопходни мерки за таа цел.

„На антисемитската Грета и нејзините колеги пропагандни гласноговорници на Хамас, јасно им велам: треба да се вратите назад – затоа што нема да стигнете до Газа. Израел ќе дејствува против секој обид да се пробие блокадата или да им се помогне на терористичките организации – на море, во воздух и на копно“, додаде тој.

На едрилицата е и Рима Хасан, француска пратеничка во Европскиот парламент со палестинско потекло. Веќе и е забранет влез во Израел. Израел почна да дозволува основна помош во Газа минатиот месец по тримесечна целосна блокада. Сепак, хуманитарните работници предупредуваат дека заканата од глад останува огромна.

Француските државјани кои се на хуманитарниот брод Медлин денеска апелираа до францускиот претседател Емануел Макрон, барајќи итна поддршка.

Во својата порака, патниците го повикаа Макрон да преземе итни дипломатски мерки за да спречи евентуален израелски напад на бродот и да обезбеди безбедно премин во Газа за оваа хуманитарна мисија.

Би можело да ве интересира

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Газа е огромна масовна гробница: Под 60 милиони тони урнатини, сè уште лежат 10.000 палестински тела

ВИДЕО: Оскаровката Сузан Сарандон приведена во Њу Јорк на протест против Нетанјаху

Синот на израелскиот амбасадор во САД тешко повреден на Западниот Брег: „Му треба чудо“