ВИДЕО: Измислици и злонамерни клевети, Кина реагираше на обвинувањата од Трамп

Од:

Кина ги отфрли како „чисти измислици“ изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во говор повторно ги покрена обвинувањата за мешање во претседателските избори во САД во 2020 година.

Трамп го обвини Пекинг за нелегално добивање на 220 милиони записи од гласачи во САД, вклучувајќи имиња, адреси и други информации што се користат за регистрација за гласање, и за обид за „местење“ на гласачките ливчиња во корист на Џо Бајден.

„Обвинувањата од страна на САД не се ништо повеќе од чисти измислици и злонамерни клевети за кои одамна е докажано дека се неосновани“, одговори Лин Џиан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, на прес-конференција во петокот.

„Кина не е заинтересирана за американските избори и никогаш не се мешала во нив“, додаде тој.

„Напротив, меѓународната заедница јасно гледа кој обично се меша во внатрешните работи на другите земји“, продолжи тој.

„Апелираме до американската страна да размисли за сопствените постапки, да престане да изнесува неосновани клевети против Кина, да се воздржи од користење на Кина како политичко прашање на своите избори и да направи повеќе за унапредување на односите меѓу Кина и САД“, заклучи портпаролот.

Доналд Трамп редовно тврди дека Џо Бајден ги „украл“ изборите во 2020 година, обвинувања кои никогаш не се докажани.

Покренати се повеќе од 60 тужби и не е откриена никаква измама што можела да го промени исходот од изборите. Дури и во рамките на администрацијата на Трамп, официјалните лица постојано ги негираат обвинувањата.

Би можело да ве интересира

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Портпаролката на Трамп призна дека паднала на правосудниот испит