ВИДЕО: Итна евакуација во четири реони – „избувна најголемиот пожар во историјата на државата“

Од:

Повеќе од 130 објекти се уништени од пожар во Калифорнија, поради што е наредена итна евакуација во четири окрузи, соопштија денеска властите.

Пожарот избувна во петокот вечерта и уништи повеќе од 239.000 хектари, приближно колку големината на Сан Диего, што го прави 13-ти најголем шумски пожар во историјата на државата, објави Си-Ен-Ен.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани повеќе од 1.600 пожарникари, а поради ширењето на пожарот во опасност се уште 4.200 објекти.

Началникот на противпожарната служба Били Сиј изјави дека во вечерните часови ветровите најверојатно ќе ослабат, а влажноста ќе биде поголема, што ќе им даде на пожарникарите поголеми шанси да го изгаснат пожарот.

Локалните власти рекоа дека ќе помине некое време пред да им биде дозволено на луѓето да се вратат во своите домови.
Полицијата се сомничи за подметнување пожар.

„Осомничениот е уапсен под сомнение дека го турнал запалениот автомобил во провалија“, соопштија властите.

Би можело да ве интересира

Се проширува пожарот во Мариово

Горан Наумовски

Активни се седум пожари, под контрола се три, а изгаснати се девет

МВР: Деца со петарди запалиле сува трева во „Расадник“, кривична за еден малолетник

Вчера имало 34 пожари, шест се активни

Изгоре покрив од куќа при пожар во Неготино

Полицијата уапси маж поради предизвикување пожар