ВИДЕО: Иранците ја погодија американската база во Саудиска Арабија; Уништени се пет танкерски авиони

Од:

Ирански ракети ја погодија американската воздухопловна база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија и оштетија пет американски воени авиони-танкери за полнење гориво во воздух, објави „Волстрит џурнал“.

Според весникот, танкерските авиони што биле стационирани во базата биле оштетени во ирански ракетен напад. Ниеден авион не е целосно уништен, а поправките се во тек.

Во нападот нема жртви или повредени.

Од почетокот на војната меѓу САД, Израел и Иран на 28-ми минатиот месец, најмалку седум американски авиони за полнење гориво се оштетени или уништени.

Еден ден претходно се случи несреќата на американските воздухопловни сили во Ирак. Два танкери KC-135 се судрија во воздух, по што еден се урна во западниот дел на земјата.

Сите шест члена на екипажот загинаа во несреќата. Американската централна команда (CENTCOM) објави дека причината за несреќата сè уште се истражува и дека не станува збор ниту за непријателски напад, ниту за пријателски оган.

Со ова, бројот на убиени американски војници од почетокот на војната се искачи на 13.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран собори американски воен авион, пилотот се катапултираше – даваат награда за неговото заробување

А1он

ВИДЕО: Како изгледа највисокиот мост во Иран по нападот

Војната во Иран е фијаско, Time објави инсајдерски извештај од Белата куќа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел под нови ирански напади

Катерина Ѓуровски

ЕУ ги разгледува сите опции поради влијанието на војната врз снабдувањето со енергија

Иран тврди дека соборил американски Ф-35