(ВИДЕО) Иран започна напад врз американските бази во Кувајт: Лансирани се ракети и дронови

Од:

Кувајт утрово беше цел на ирански напад со ракети и дронови, кој уследи по серијата воздушни напади што во изминатите денови ги изведоа американските и иранските сили.

„Кувајтската противвоздушна одбрана во моментов се соочува со непријателски напади со ракети и дронови, како резултат на подлата иранска агресија“, соопшти кувајтската војска на платформата „Икс“.

Набргу потоа, иранската државна телевизија потврди дека се изведуваат напади врз американски бази во Кувајт.

„Како одговор на злосторствата што Америка ги изврши врз иранскиот народ, во тек се ракетни и дронски напади врз американските бази во Кувајт“, објави иранската телевизија.

Во средата, Иранската револуционерна гарда нападна неколку бази на Блискиот Исток што ги користи американската војска, меѓу кои и една во Кувајт. Иранските сили возвратија по втората ноќ на американски воздушни напади врз Исламската Република во период од три дена.

Според иранските власти, во американските напади во вторникот навечер во Иран загинале вкупно 19 лица, меѓу кои и четири лица кои биле на свадбена прослава.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, ги осуди нападите како „воено злосторство“, оценувајќи дека свадбена церемонија била „брутално бомбардирана во очајнички обид на САД да го прикријат својот неуспех“.

Иран, кој најави одмазда, ги предупреди САД дека сега може да очекуваат „нова стратегија“ насочена кон „уривање на темелите“ на непријателот, без да прецизира што точно ќе подразбира таа стратегија.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, во средата предупреди дека САД и понатаму се подготвени да го нападнат Иран „во секој момент“.

Би можело да ве интересира

Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува во „Трампов Теснец“

Трамп со порака за Иран: „Не се обидувам да ве натерам на преговори“

(ВИДЕО) Путин со жестока порака до Зеленски: „Со терористи не се преговара“

Хамнеи: Иран и „фронтот на отпорот“ ќе им одржат незаборавни лекции на САД

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ракети врз американски бази – Иран тврди: „Убија луѓе на свадба“

Горан Наумовски

Пезешкијан: Иран веднаш ќе возврати доколку САД ги исполнат обврските од договорот