(ВИДЕО) Иран: Уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје

Од:

Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, објави денес неговото министерство за одбрана.

„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.

„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите денови“, додаде тој. Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила десетина ракети кон Израел.

„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, при што се мисли на Израел.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Ирански хакери провалија во е-поштата на шефот на ФБИ, објавија негови приватни фотографии

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“

Арагчи: „Децата беа ладнокрвно убиени“

Горан Наумовски

Иранска одмазда: Нападнати се американски воени бази и израелско пристаниште