ВИДЕО: Иран објави видео од уривањето на американскиот дрон

Од:

Видео снимка на иранската војска која го соборува дронот на морнарицата на САД е објавен на социјалните мрежи.

На видеото е прикажано лансирањето на ракета и експлозија во моментот кога го погодува дронот.

Краткиот клип кој е снимен рано изутрина, со драматична музика како подлога го покажува лансирањето од артилеријата на Иран и експлозијата на метата на небото за која се тврди дека е американски дрон.

Пентагон претходно објави своја црно-бела снимка од 15 секунди.

Но, ниедна од снимките не потврдуваат дали соборувањето на дронот е во меѓународните води или во воздушниот простор на Иран, што е точка околу која спорат Вашингтон и Техеран.

Пентагон соопшти дека Иран соборил американски дрон додека летал на голема висина над меѓународните води во Ормускиот мореуз, на околу 34 километри од иранскиот брег.

Тоа, како што наведе Пентагон, е опасен и неодговорен напад кој може да ги загрози цивилите. Дронот не го наруши воздушниот простор на Иран во ниеден момент, категорични се од Пентагон.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека соборувањето на дронот е „многу голема грешка“.

Иранските медиуми соопштија дека беспилотното летало било соборено кога влегло во иранскиот воздушен простор.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел