ВИДЕО: Индиската војска за време на нападот објави пропагандно видео

Од:

Индија изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и пакистански Кашмир минатата ноќ, а Исламабад возврати со тврдење дека соборил пет индиски борбени авиони, во најлошиот вооружен конфликт меѓу двете нуклеарно вооружени држави во последните две децении.

Индиската страна објави дека биле погодени девет цели поврзани со „терористичката инфраструктура“, односно нападот на исламистичките милитанти врз хинду туристите во индиски Кашмир минатиот месец, во кој загинаа 26 лица.

Индиската армија објави пропагандно видео на X во моментот на нападот на кое се прикажани клипови од воени вежби и оружје на индиската армија. Гласот на снимката му кажува на непријателот дека ќе го најдат и уништат.

Индиски одбранбен извор за Ројтерс изјави дека целите биле штабовите на екстремистичките групи Џаиш-е-Мохамед и Лашкар-е-Таиба.

Исламабад ги нарече индиските напади „безобразен чин на војна“ и рече дека го известил Советот за безбедност на Обединетите нации за своето право да одговори.

Според локалната полиција и очевидци, индиските и пакистанските сили размениле интензивен артилериски оган долж поголемиот дел од границата во Кашмир. Индиската армија соопшти дека тројца цивили загинале во пакистанско гранатирање.

Пакистанските воени претставници изјавија дека две џамии се меѓу погодените структури, додека министерот за одбрана рече дека сите цели биле цивили, а не милитантни кампови, како што тврди Индија.

Би можело да ве интересира

Пожар во болница, загинаа најмалку шест пациенти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Стампедо предизвика индискиот актер и политичар, најмалку 36 мртви

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Пакистан, најмалку 25 мртви

А1он

Исламабад и го прогласи Авганистан за „непријателска држава“

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто

Трамп бесен: Ги загубивме Индија и Русија од најмрачната Кина

Предраг Петровиќ