Светот e загрижен поради создавањето на нов воен пакт

Од:

Турција се стреми да се приклучи на одбранбениот сојуз меѓу Саудиска Арабија и Пакистан, според кој секој чин на агресија против една членка се смета за напад врз сите, според извори запознаени со разговорите.

Преговорите за она што турските медиуми го опишаа како создавање на „исламско НАТО“ се во напредна фаза и постигнувањето на таков договор е многу веројатно.

Проширувањето на Алијансата би можело да доведе до ново безбедносно прегрупирање што би влијаело на рамнотежата на моќта на Блискиот Исток и пошироко.

Саудиско-пакистанскиот одбранбен пакт беше потпишан во септември минатата година, а неговата одредба за колективна одбрана потсетува на Член 5 од НАТО, чиј член е Турција и има една од најголемите армии во алијансата.

Изворите велат дека интересите на Турција, Саудиска Арабија и Пакистан сè повеќе се преклопуваат во Јужна Азија, Блискиот Исток и Африка.

Анкара, исто така, го гледа алијансата како начин за зајакнување на сопствената безбедност и одвраќање, во време кога постојат дилеми во врска со сигурноста на САД и посветеноста на претседателот Доналд Трамп кон НАТО.

Според аналитичарите, Саудиска Арабија „носи“ финансиска сила, нуклеарни капацитети „внесува“ Пакистан какои балистички ракети и персонал, додека Турција има воено искуство и развиена одбранбена индустрија. Евентуалното пристапување на Турција кон оваа Алијансата, исто така, би укажало на нова фаза во односите со Саудиска Арабија, по години тензии.

Двете земји ја зајакнуваат економската и воената соработка во последните години, а оваа недела го одржаа својот прв заеднички поморски состанок во Анкара.

Во меѓувреме, Турција и Пакистан имаат долгогодишни блиски воени односи, вклучувајќи соработка во областа на воените бродови, модернизација на авионите Ф-16 и размена на технологија за беспилотни летала.

Би можело да ве интересира

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он

ВИДЕО: Пукање во училиште во Турција, осуммина повредени

Катерина Ѓуровски

Ројтерс: Иран им нареди на Хутите да ја нападнат Саудиска Арабија

Горан Наумовски

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии

Среќна грепка – за помалку од две евра доби награда од над 142.000 евра

А1он

Анкара се подготвува за најлошото: Во сценаријата е и војна со Грција и Израел