Исламабад застана зад Техеран во обидите за стабилност

Од:

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф вечерва изјави дека во телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ветил поддршка од Исламабад за обновување на мирот во регионот.

Двајцата лидери разговараа неколку пати во текот на месецот, вклучувајќи ја и размената на честитки за Рамазан и Еид ал-Фитр, а денеска Шариф повторно изразил надеж за крај на војната меѓу Иран, Соединетите Американски Држави и Израел.

Премиерот на Пакистан рекол дека со Пезешкијан ја споменал „тешката ситуација во регионот на Заливот“ и додал дека е истакната итна потреба од смирување на тензиите, дијалог и дипломатија, пренесе Бета.

Шариф во порака на социјалната мрежа X наведе дека Пакистан е посветен на играње „конструктивна улога во промоцијата на мирот во регионот“.

Пакистан, кој моментално е во судир со соседен Авганистан, дели граница со Иран и од почетокот на војната следи дипломатски пристап во решавањето на војната на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог