(ВИДЕО) Инцидент во Финска: Напад во трговски центар, избодени се повеќе граѓани

Од:

Неколку лица се повредени во напад во трговски центар во градот Тампере, Финска. Според првичните информации, напаѓачот со нож нападнал купувачи и ги избодел.

Нападот се случил околу 16:30 часот по локално време, а според првичните информации, напаѓачот бил совладан и уапсен.

Осомничениот нападнал граѓани кои биле пред трговскиот центар, во близина на автобуска станица.

На повредените им е укажана медицинска помош, но степенот на повредите засега е непознат.

Бројни полициски и екипи на брза помош се на местото на настанот.

Полицијата соопшти дека „нападот е завршен“ и дека нема понатамошна опасност за граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Обвинителството собира докази за конфликтот во кој учествуваше Драган Бјелогрлиќ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масовна пукотница на парада во Луизијана: Mногу повредени, потрагата е во тек

Стуб: Стариот свет умира, новиот сè уште нема јасни правила

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

ВИДЕО: Финска објави снимка од заземањето на руски брод

Финска го притвори екипажот на бродот поради сечење на кабел во Балтичкото Море