ВИДЕО: Илјадници евакуирани поради пожарот во паркот Јосемити

Од:

Големиот пожар во близина на националниот парк Јосемити во американската сојузна држава Калифорнија, кој избувна во петокот, е надвор од контрола.

Околу 2.000 пожарникари се борат со пожарот, што е еден од најголемите во Калифорнија оваа година.

Во гаснењето, што е отежнато од стрмниот терен, високите температури и ниската влажност, вклучени се и авиони и булдожери.

Огнот уништи 56 квадратни километри шума, најмалку 10 станбени и индустриски објекти, а оштетија уште пет.

Сè уште се истражува причината за пожарот.

Околу 6.000 жители во областа добија наредба да се евакуираат, но некои жители одбија да го сторат тоа. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во округот Марипоса.

Би можело да ве интересира

Илјадници лица бегаат од пожарот во близина на Националниот парк Јосемити

Пожарот во националниот парк „Јосемити“ во Калифорнија закана за џиновските секвои

Стотина семејства загрозени од шумскиот пожар на југот од Калифорнија

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Калифорнија, пет лица се сметаат за исчезнати

А1он

ВИДЕО: Евакуирани 8.000 луѓе поради пожар во Калифорнија

А1он

Поради пожарите евакуирани 50.000 жители на Лос Анџелес