ВИДЕО: Евакуирани 8.000 луѓе поради пожар во Калифорнија

Од:

Околу 8.000 луѓе се принудно евакуирани од своите домови во округот Риверсајд во јужна Калифорнија, поради шумски пожар што гори на површина од околу 16.000 хектари, објави синоќа надлежната противпожарна служба.

Пожарот бил пријавен во петокот, во долината Трешњевка, населба лоцирана на околу 130 километри од Лос Анџелес, каде што, според претходните информации, најмалку една куќа целосно изгорела.

Досега се евакуирани 2.585 куќи во округот Риверсајд, во кои живеат нешто помалку од 8000 луѓе

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Илјадници евакуирани поради пожарот во паркот Јосемити

Стотина семејства загрозени од шумскиот пожар на југот од Калифорнија

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Калифорнија, пет лица се сметаат за исчезнати

А1он

Поради пожарите евакуирани 50.000 жители на Лос Анџелес