Пожарот во националниот парк „Јосемити“ во Калифорнија закана за џиновските секвои

Од:

Пожарот што е закана за шума со некои од најстарите дрвја секвоја во Националниот парк „Јосемити“ во американската сојузна држава Калифорнија пат пати се прошири во текот на викендот, со чад што сериозно го загрозува квалитетот на воздухот во паркот и драстично ја намалува видливоста.

До вчера пламенот уништил речиси 650 хектари грмушести и нискостеблести растенија во јужните крајни делови на паркот.

Службите во Националниот парк веднаш ја затворија областа Марипоса Гроув каде има повеќе од 500 стари секвои, додека уште во петокот е целосно евакуирано населението од блиската општина Вавона и хотелските капацитети.

Притоа, според портпаролката Ненси Филип, згрижени се повеќе од 1.600 луѓе.

Парковската служба го затвори јужниот влез во паркот, што инаку привлекува околу четири милиони туристи годишно.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

Пожар во фабрика за производство на погонски системи за ракети во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес