ВИДЕО: Хезболах ја презеде одговорноста за гранатирањето на израелската армија

Од:

Милитантната либанска проиранска организација Хезболах денеска ја презеде одговорноста за нападот врз позициите на израелската армија во спорната област на ридот Дов на границата со Либан.

Хезболах објави дека истрелал минофрлачки и противтенковски наведувани проектили врз позициите на израелската армија, пишува Тајмс оф Израел.

Израелските одбранбени сили претходно објавија дека денеска од Либан биле испукани неколку минофрлачи врз позициите на израелската армија во спорната област на планината Дов.

Израелските одбранбени сили возвратија со оган и го гаѓаа „изворот на минофрлачки оган“ во Либан.

Деталите за инцидентот се под истрага, соопштија израелските одбранбени сили, без да соопштат информации за потенцијални жртви.

Израел во изминатите неколку дена постојано разменува оган со шиитскиот Хезболах и сојузничките палестински фракции во Либан.

Би можело да ве интересира

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Џезира: Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници