(ВИДЕО) Хаос во Судан, војна на улиците, расте бројот на мртви: убиени хуманитарци од ОН

Од:

Трет ден по ред во Судан беснеат конфликти. Ниту армијата ниту паравоените сили на генералот Мохамед Хамдан Дагл не успеваат да извојуваат победа и покрај борбите во кои загинаа речиси сто луѓе, меѓу кои и тројца хуманитарни работници на ОН. Двете страни вчера најавија дека го прифаќаат барањето на ОН за воведување тричасовна „хуманитарна пауза“ за да се овозможи евакуација на повредените, но засега не се знае како точно се придржувале до договорениот прекин на огнот, пишува Би-Би-Си.

Лекарите предупредија дека ситуацијата во болниците во Картум е исклучително тешка и дека поради конфликтот медицинските работници тешко доаѓаат до ранетите. Според синдикатот на лекарите, досега починале речиси 100 лица, а над 1000 се повредени.

Централниот комитет на суданските лекари извести дека загинале 97 цивили и десетици припадници на безбедносните сили. Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека досега во конфликтот загинале повеќе од 83 лица, а околу 1.100 се повредени.

Светската програма за храна на ОН (WFP) ја суспендираше помошта за Судан откако тројца нејзини вработени беа убиени во борбите во Дарфур. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика одговорните „што поскоро да бидат изведени пред лицето на правдата“.

Конфликтот тлее со недели и спречува какво било политичко решение во таа земја, една од најсиромашните во светот. По народното востание во кое беше соборен Омар ал Башир во 2019 година, Судан се обидува да ги организира првите слободни избори по 30 години диктатура.

Во пучот што стави крај на демократската транзиција во октомври 2021 година, генералот Бурхан и генералот Дагло, познат како Хемедти, ги здружија силите за да ја соборат цивилната власт. Но, во саботата, нивното ривалство се претвори во отворен конфликт. Меѓународната заедница постојано повикува на прекин на огнот. Арапската лига и Африканската унија свикаа вонреден состанок.

Судирите избувнаа како резултат на очигледна борба за моќ меѓу двете главни фракции на суданскиот воен режим. Вооружените сили на Судан во голема мера се лојални на генералот Абдулфатах ал-Бурхан, де факто владетелот на земјата, додека паравоените единици на Силите за брза поддршка (РСФ), всушност милициски групи, го следат поранешниот воен командант генерал Мохамед Хамдан Дагал, познат како Хемедти.

Борбата за моќ има свои корени во годините пред востанието во 2019 година што го собори диктаторскиот владетел Омар ал-Башир, кој изгради моќни безбедносни сили.

Кога напорите за транзиција кон демократска цивилна влада пропаднаа по падот на Башир, конечната пресметка се чинеше неизбежна, а дипломатите во Картум на почетокот на 2022 година предупредија дека се плашат од такво избивање на насилство. Во последните недели тензиите дополнително се зголемија.

РСФ беше основана од Башир за да го задуши бунтот во Дарфур, кој започна пред повеќе од 20 години поради политичката и економската маргинализација на локалното население од страна на суданската централна влада. РСФ беше познат и како Џанџавид и беше поврзан со бројни злосторства.

Во 2013 година, Башир ги трансформираше Џанџавид во полуорганизирани паравоени сили и на нивните водачи им даде воени чинови пред да ги испрати да го задушат бунтот во Јужен Дарфур, потоа да се борат во војната во Јемен, а подоцна и во Либија.

РСФ предводена од Хемедти и редовните воени сили под Бурхан работеа заедно за да го соборат Башир во 2019 година. РСФ потоа го потисна мирниот протест одржан пред воениот штаб во Картум и уби стотици луѓе и силуваше десетици.

Договорот за поделба на власта со цивилите, кои ги предводеа протестите против Башир, кои требаше да доведат до транзиција кон демократска влада, беше раскинат со државен удар во октомври 2021 година.

Пуч ја врати армијата на чело на земјата, но демонстрациите избиваа секоја недела, изолацијата и економските проблеми повторно се продлабочија. Хемедти го претстави планот за нова транзиција, со што на површина ќе излезе тензиите со Бурхан.

Хемедти поседува огромно богатство стекнато со извоз на злато од нелегални рудници и командува со десетици илјади борбени ветерани.

Централна причина за тензиите од почетокот на бунтот е цивилното барање за контрола над војската и интеграција на РСФ во редовните вооружени сили. Цивилите, исто така, повикаа на предавање на профитабилните воени поседи во земјоделството, трговијата и другите индустрии, клучен извор на моќ за војската..

Друга точка на спор е потрагата по правда за наводните воени злосторства од страна на армијата и нејзините сојузници во конфликтот во Дарфур од 2003 година. Меѓународниот кривичен суд бара судски процеси за Башир и другите судански осомничени.

Се бара правда и за убиствата на продемократските демонстранти во јуни 2019 година, во кои беа вмешани воените сили. Активистите и граѓанските групи беа лути поради доцнењето на официјалната истрага. Покрај тоа, тие бараат правда за најмалку 125 лица кои беа убиени од безбедносните сили во протестите по државниот удар во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска