ВИДЕО: Хаос во францускиот парламент, Макрон ја искористи „нуклеарната опција“ поради новиот закон

Од:

Ширум Франција се зголемуваат протестите поради новиот закон што претседателот Емануел Макрон денеска го протурка низ парламентот во посебна процедура. Француската премиерка Елизабет Борн искористи специјална уставна процедура за да ја изгласа пензиската реформа на Макрон во парламентот без гласање.

Левичарската опозиција го поздрави овој потег со галама, свирежи и пароли против реформите.

Постапката од член 49 точка 3 од Уставот овозможува донесување закон со кој за две години ќе се зголеми границата за пензионирање на 64 години, по неколкунеделни протести и жестока јавна расправа.

Клучната точка на реформата е да се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Дополнително, треба да се зголеми бројот на години потребни за уплата во пензискиот систем, а минималната пензија да се зголеми на 1.200 евра.

Макрон и владата велат дека подоцнежното пензионирање е неопходно за да се извади пензискиот систем од црвено до крајот на деценијата.

Макрон би можел да се соочи со гласање за недоверба

Оние во францускиот парламент кои се против пензиските реформи на Макрон сега имаат помалку од 24 часа да поднесат барање за недоверба. Доколку тој предлог биде одбиен, планот на Макрон за зголемување на старосната граница за пензионирање ќе продолжи. Но, ако парламентот го изгласа, предлогот за промена на законот, односно реформи, е отфрлен, а кабинетот на Макрон мора да поднесе оставка.

Засега не се знае кога точно би можело да се гласа за недоверба, но доколку се случи, се очекува да биде на почетокот на неделата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски