Пет полицајци се повредени, а едно момче ја загубило рака за време на нередите во кои француската полиција растури рејв забава на која присуствувале околу 1.500 лица.
?? FLASH – Affrontements toujours en cours entre police et fêtards à #Redon. Du gaz lacrymogène, des LBD et des grenades de désencerclement sont utilisés d’un côté et des projectiles dont des cocktails molotov de l’autre. (via @XeniaReports) #raveparty pic.twitter.com/krZ3ZmSpKs
— Mediavenir (@Mediavenir) June 19, 2021
„Нередите траеја повеќе од седум часа. Кон полицијата летаа молотови коктели, делови од бетноски цигли и петарди. Петмина полицијаци се повредени, двајца се пренесени во болница. Во хаотичната ситација едно момче на 22 години ја загуби раката“ – потврдија локалните власти.
Почната е истрага околу тоа како се случило да дојdе до тешката повреда на момчето. Има и уште еден повреден меѓу учесниците на забавата.
?? – A 22-year-old man lost his hand and several others were also injured amid clashes as #police tried to break up an unauthorized rave party in western #France, authorities said Saturday. (AP) pic.twitter.com/GDsTpmrHHi
— Melvis (@The_Melvis) June 19, 2021
На забавата чие одржување е забрането поради актуелните ковид мерки во земјата, полицијата употеби солзавец за да ги растера насобраните.
Техно фестивалоt требало да трае неколку дена, а информациите за него се ширеле по социјалните мрежи.